Шведската шминкерка Лин Месинџер за списанието „Сан“ раскажала дека поминала една ноќ во креветот на холивудската ѕвезда Ештон Качер. Таа изјавила дека спиела во прегратките на актерот во неговиот ергенски дом во Лос Анџелес, само неколку недели пред ѕвездата јавно да ја објави врската со Мила Кунис, неговата сегашна вереница и мајка на неговата ќерка.
Лив раскажала дека двајцата со актерот се запознале во бар во Лос Анџелес во јуни 2012 година. Потоа тој ја поканил на забава со пријателите, на која двајцата зборувале и скандинавката одлучила да ја помине ноќта со Ештон.Таа тврди дека истиот ден Качер неколку пати и испраќал СМС, но нивната врска наскоро прекинала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



