Откако Деми Мур разбра дека Мила Кунис ќе стане мајка, таа не престанува да ги покажува своите најдобри намери кон младото семејство. Актерката од „Стриптиз“ постојано му повторувала на поранешниот сопруг дека е подготвена да помага за малата и да не се колеба да ѝ се јави за што и да е.
Качер мисли дека неговата поранешна сопруга се помирила со неговата нова љубов Кунис и му паднал камен од срце бидејќи таа ја надминала болката од неуспешниот брак. Но не и Мила, таа, сепак, не е задоволна од амбициите на Мур да се меша во нивниот живот и веќе влегла во конфликт со Деми.
Минатиот месец Украинката стана мајка на малата Вајат и сега е целосно посветена на својата ќерка. Таа сака сама да ја почувствува возбудата од мајчинството, но не може да се ослободи од поранешната жена на својот свршеник. Деми постојано им пишува и им се јавува за да се распрашува за Вајат, што ја полудува Мила.
Кулминација било кога Деми дошла непоканета во нивниот дом и кога Мила ја нашла со новородената Вајат во своите раце.
Мила ја предупредила да стои подалеку од неа и од бебето и да го остави на мир нејзиното семејство. Блиски пријатели на младата актерка изјавиле дека таа дури веќе се двоуми дали да се омажи за Ештон бидејќи се плаши дека никогаш нема да се ослободи од присуството на неговата поранешна жена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



