| четврток, 6 декември 2018 |

Мила Јовович роди ќерка

mila

 Актерката Мила Јовович по вторпат стана мајка и повторно доби ќерка, објави ДПА.

Јовович (39) роди здраво девојче, тешко 3,5 килограми, кое ќе се вика Дашиел Едан.

Украинката веќе шест години е во брак со режисерот Пол Андерсон, со кого ја има ќерката Евар Габо.

Нејзиниот портпарол изјави дека родителите се пресреќни и воодушевени од раѓањето на девојчето. Тој дополни дека Мила моментално одмора и ужива во нежните моменти со девојчето.

Актерката се породила по предвидениот термин, а пред крајот на бременоста се пожалила од своите килограми. Рекла дека ја достигнала горната граница која е препорачлива за бремени жени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top