| четврток, 6 декември 2018 |

Мила Јововиќ: Не знам што ќе правевме ако бебето беше машко

Пол Андерс и Мила Јововиќ

Пол Андерсон и Мила Јововиќ

Актерката Мила Јововиќ и нејзиниот сопруг Пол Андерсон неодамна го дознале полот на нероденото бебе, а нивната 6-годишна ќерка Евр била особено среќна дека ќе има сестричка.

– Дознавме, ќе имаме ќерка! Не знам што ќе правевме ако бебето беше машко – споделила Мила.

Ќерката на 38-годиншната убавица била толку среќна што постојано повторувала: „Не купувајте ништо ново, таа може да ја носи мојата облека“.

Актерката информацијата дека очекува второ дете ја сподели со јавноста во август и затоа заедно со нејзиниот сопруг  одлучиле  да ги одложат обврските за „Заразно зло“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top