| четврток, 6 декември 2018 |

Камерон Дијаз отворено за сиромаштијата пред нејзината слава

Камерон Дијаз е една од најпознатите и најдоброплатени актерки. Таа во едно интервју отворено раскажувала за тешките услови во кои живеела пред славата.

kameron diaz

– Го мрзев училиштето, немав ниту една шанса да добијам некоја стипендија, а моите родители не можеа да си дозволат да ми го плаќаат факултетот. Така почнав да се занимавам со манекенството. Тоа ми донесе патување и пари. Манекенството беше карта за излез од сиромаштијата – изјавила глумицата.

Денес 42-годишната Камерон не се двоуми да ги изнесе понекогаш и радикалните ставови за родителството, врските и семејството. Меѓутоа, признала дека во последните неколку години омекнала во своите ставови.

– Доколку основам семејство и доколку имам деца, супер. Доколку не, ништо. Не се оптеретувам со тоа и не се заморувам со очекувањето на другите. Доколку го сторам тоа, тоа ќе биде заради себе, не затоа што така треба – изјавила Дијаз.

Таа, исто така, истакнала дека и покрај тешкото детство и сиромаштијата кои ѝ претходеле на нејзината слава, никогаш не изгубила надеш и верба дека, всушност, тоа било клучно за нејзиниот пат до успехот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top