Екстремистите од Исламска држава во покраината Анбар во западен Ирак убиле 67 членови на провладиното сунитско племе, соопшти водачот на племето.
Џихадистите убија во саботата 67 членови на племето ал-бу Нимр, вклучувајќи и жени и деца, изјавил Неем ал-Кауд, водач на племето.
Борците на ИСИС минатата недела оствариле неколку победи во Анбар и се во позиција да здобијат целосна контрола над мнозинската сунитска покраина, која се простира од сириската граница до предградието на Багдад. Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појави ужасна фотографија на која таткото со насмевка на лицето го држи детето не постаро од една година и го тера со ноџињата да шутира отсечена човечка глава, како што се смета, припадник на сириската војска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.