Милан го доживеа вториот пораз оваа сезона по оној до Јувентус вечерва екипата на Филипо Инзаги доживеа срамен пораз од Палермо со 2-0.
Гостите од Сицилија за само три минути го решија победникот. Во 33 минута Запата си постигна автогол, додека три минути подоцна Пауло Дибала го постави конечниот резултат. Милан имаше повеќе од играта во текот целиот натпревар, ноне успеа да ја пробие гранитната одбрана на Палермо која фунционираше беспрекорно.
„Росонерите“ пропуштија можност со евентуална победа да се искачи на третото место на таблета веднаш зад Јувентус и Рома. Сега се наоѓа на седмото место со 16 бода.
Во останатите натпревари одиграни денеска во италијанската Серија А лига беа постигнати следните резултати:
Кијево – Сасуоло 0-0, Сампдорија – Фиорентина 3-1, Торино – Аталанта 0-0, Удинезе – Џенова 2-4.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)