Две лица пријавени се за исчезнати во изминатата ноќ од страна на нивните родители. Во првиот случај станува за малолетно девојче од Скопје, а во вториот за 27-годишно лице од Гостивар. Според билтенот на МВР, во неделата во 02,40 часот во ПС-Чаир, А.Р.(1966) од Скопје, пријавил дека на претходниот ден 11,00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка А.Е.(15).
Неполни три часа претходно во ПС-Гостивар, Д.А. од Гостивар, пријавила дека во петокот околу 22,00 часот од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот син М.М.(27).
Пријавителката посочи дека во саботата околу 19,00 часот го побарала на телефон и тој и рекол дека нема да си дојде дома и дека бил на умирање, а по телефонскиот разговор бил недостапен.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на двете лица
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?