Град Скопје го продолжува рокот за истакнување изборни плакати за дополнително утврдените кандидати за членови на совет и кандидати за градоначалник на Град Скопје. Продолжувањето е врз основа на Законот за дополнување на Изборниот законик од 26 февруари 2013 година и Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик од 2 март 2013 година.
Дополнителните барања за добивање право на бесплатно користење место за изборни плакати, организаторите на изборна кампања ги доставуваат до администрација на Град Скопје – Сектор за комунални работи, најдоцна до 12 март 2013 година до 15.30 часот.
Редоследот на истакнување изборни плакати се определува со ждрепка, посебно за секој подносител. Дополнителното жребување ќе се изврши на 13 март 2013 година во 10 часот, во Град Скопје – Сектор за комунални работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


