| четврток, 6 декември 2018 |

Сеул: Пјонгјанг има подморница со балистички ракети

Северна Кореја произвела подморница која има можност да лансира балистички ракети, соопштија денеска извори од јужнокорејската Влада.

– Новата подморница е долга 67 метри, широка 6,6 метри, а нејзината максимална тежина во водата е 3.000 тони, изјавил владин извор во Сеул.

Се претпоставува дека Северна Кореја увезла подморница од типот „голф“, од советско производство, која е повлечена од употреба во 90-тите години од минатиот век, и ја подготвила за свои потреби.

Јужна Кореја претходно соопшти дека регистрирала знаци дека Пјонгјанг создава систем за лансирање балистички ракети од подморница и дека официјални Сеул и Вашингтон го следат развојот на ситуацијата.

Доколку биде потврдено дека Северна Кореја изработила ваква подморница, тоа дополнително ќе ја зголеми тензијата на Корејскиот полуостров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top