| четврток, 6 декември 2018 |

Втор пораз на Барселона во низа, овојпат од Селта на „Камп Ноу“ (видео)

Што се случува со Барселона по враќањето од суспензија на Луис Суарез?

FC BARCELONA VS. CELTA VIGO

Втор пораз во низа во шпанската примера дивизија. Ако поразот во претходното коло можеше да се оправда бидејќи се случи во „Ел Класико“ од Реал Мадрид денешниот од Селта на домашен терен нема оправдување. Ниту еден од најдобрите голгетери во светот Луис Суарез неможеше да помогне Барселона да постигне гол. Голманот на Селта Серхио Алварез бранеше феноменално и просто како да го маѓепса својот гол.
Голот на Селта беше постигнат во 55 минута откако Нолито прекрасно го проигра Хоакин Ларивеј, кој го матираше Клаудио Браво и го доведе гостинскиот тим во водство. Овој гол беше доволен за големи три бода освоени на „Камп Ноу“ за тимот на Селта.
Со овој пораз Барселона падна на третото место со два бода помалку од лидерот Реал Мадрид кој попладнево убедливо славеше над Гранада со 4-0 и бод од актуелниот шампион во Шпанија Атлектико Мадрид.

Атлетико Мадрид иако прими два гола на денешниот натпревар во рамките од десеттото коло од Кордоба успеа да слави со 4-2 и да ги освои трите бода на домашен терен и да се искачи на второто место на табелата со само еден бод зад градскиот ривал Реал Мадрид.

ATLETICO MADRID VS. CORDOBA

Со новите три бода составот на Диего Симеоне е во тесна трка за одбрана на шампионската титула од минатата година иако до крајот има уште многу да се игра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top