| четврток, 6 декември 2018 |

Баерн Минхен успеа да слави во големото дерби против Борусија Дортмунд (видео)

Неприкосновениот лидер на табелата во Бундес лигата Баерн Минхен успеа да слави денеска на Алианц арената во Минхен во дербито во Германија над вечниот ривал Борусија Дортмунд.

FC Bayern Munich vs Borussia Dortmund

Ова беше шестата последнователна победа на Баерн на домашен терен. „Милионерите“ од Дортмунд први го отворија резултатот со голот на Марко Ројс во 31 минута. Баерн Минхен во поголемиот дел од првото полувреме ја контролираше топката, но не успеа да ја затресе мрежата на Вајдефелер. Во вториот дел притисокот на „баварците“ се зголеми и Борусија не успеа да ја најде против игра. Израмнувачкиот гол беше дело на поранешниот играч на „милионерите“ Роберт Левандовски кој не се радуваше на постигнатиот гол бидејќи својата фудбалска афирмација ја постигна во екипата на денешниот противник. Конечниот резултат го постави Арјан Робен од пенал во 85 минута откако Суботиќ неспретно реагираше над Рибери во сопствениот шеснаесетик.
Со оваа победа Баерн Минхен се одлепи на таблета со 24 бода четири повеќе од второпласираниот Волфсбург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top