| четврток, 6 декември 2018 |

„Светците“ славеа по целосен пресврт на гостувањето против Лориен (видео)

FC Lorient vs Paris Saint-Germain

Екипата на ПСЖ полека но сигурно се искачува кон врвот на табелата во францускиот фудбалски шампионат. Во играта на „светците“ се чувствува отсуството на првата ѕвезда Златан Ибрахимовиќ бидејќи тешко постигнуваат голови.
Денеска на гостувањето против Лориен успеаја со целосен пресврт на резултатот во второто полувреме да дојдат до значајни три бода и да се искачат на второто место на табелата со само еден бод заостанување зад Марсеј кој има и натпревар помалку.
Лориен прв го отвори резултатот во Гереро во 42 минута. Едисон Кавани успешно стрелаше кон противничкиот гол за израмнување во 60 минута. По само седум минути игра од израмнувањето Бахебек го постигна својот првенец во дресот на ПСЖ и донесе значајни три бода за продолжување на трката за шампионската титула.


Guerreiro But – Lorient vs PSG 1-0 by hqgoals7


Cavani Goal – Lorient vs PSG 1-1 (2014) by hqgoals7


Goal Bahebeck – Lorient 1-2 PSG – 01-11-2014 by Strobner

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top