Во финалето на Мастерс турнирот во Париз што се игра во супермодерната Берси арена, ќе се сретнат два тенисера од поранешните југословенски простори, Србинот Новак Ѓоковиќ и Канаѓанецот роден во Подгорица Милош Раониќ.
Ѓоковиќ не дозволи повторно изненадување од Кеи Нишокори како на УС Опен каде беше поразен токму од Јапонецот и лесно со 2-0 (6-2, 6-3) во сетови го декласираше денешниот противник. Нишикори не беше ни бледа сенка од дуелот во четвртфиналето против Ферер ниту пак од полуфиналето на УС Опен.
Во првиот полуфинален меч Милош Раониќ успеа да слави над Томаш Бердих со 2-1 (6-3, 3-6, 7-5) во сетови. Во голема борба по повеќе од два саата Раониќ се пласираше во своето 14 АТП финале и закажа меч против првиот светски рекет.
Финалето е закажано за утре во 12 часот напладне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Она што ми го шепна нема да му го заборавам: Ѓоковиќ го утеши расплаканиот Дел Потро (ВИДЕО)
-
Обид за киднапирање на дедото на Јелена Ѓоковиќ




