| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид продолжува да ниже победи (видео)

Кралскиот клуб продолжува со ефикасните игри во шпанската примера дивизија. Триото Роналдо, Бензема и Родригез беше најзаслужно што избранциите на Карло Аначелоти впишаа нова победа во десеттото коло на гостувањето кај Гранада. Роналдо беше стрелец на еден гол и двапати асистираше, Бензема го стори истото, а Родригез постигна два гола за конечни Гранада – Реал Мадрид 0-4.

GRANADA VS. REAL MADRID

Најдобриот светски фудбалер го отвори резултатот по само две минути игра по асистенција на Карим Бензема. Во 31 минута Французинот успешно додаде до Родригез за неговиот прв гол на овој натпревар. Во вториот дел Роналдо му ја врати асистенцијата на Бензема за овој да погоди во 54 минута. Конечните 4-0 ги постави Џејмс Родригез на три минути пред крајот на регуларниот дел од натпревартот.
Со оваа победа Реал Мадрид се искачи на врвот на табелата со 24 бода, два повеќе од Барселона која има натпревар помалку против Селта Виго на домашен терен.


Granada vs Real Madrid (0-4) Full Highlights 01… by rubin7190

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top