| четврток, 6 декември 2018 |

Волфсбург продолжува со одличните игри, кикс на Баер Леверкузен (видео)

Лидерот на табелата во германскиот фудбалски шампионат Баерн Минхен има сериозна конкуренција годинава за првото место во екипата на Волфсбург.

VfB Stuttgart vs. VfL Wolfsburg

Тие денеска беа супериорни на гостински терен против екипата на Штутгарт и успеаја да слават со високи 4-0. Ова беше петта победа по ред на тимот на Дитер Хекинг и секако тука не сакаат да застанат. Сега се пробија на второто место на табелата со само еден бод заостанување зад лидерот Баерн Минхен кој ова коло го игра дерби дуелот со Борусија Дортмунд во 18.30 часот.
Головите за Волфсбург беа дело на Перишиќ (два) во 15 и 88 минута, Кнук во 45 и Де Бруин во 48 минута.

Еден од аспирантите за висок пласман оваа сезона тимот на Баер Леверкузен киксна на гостувањето кај Хамбругер со 1-0. Единствениот гол беше дело на холаднскиот интернационалец Рафаел ван дер Варт во 26 минута од пенал.

Во останатите натпревари Мајнц на Николче Новески загуби дома од екипата на Вердер Бремен со 1-2 и Хановер славеше минимално со 1-0 над Ајтрахт Фракфурт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top