| четврток, 6 декември 2018 |

Тревога на небото: Британските ловци пресретнале руски бомбардер

Велика Британија  под тревога, итно ги подигнала ловците на кралското воено воздухопловство (РАФ), откако еден авион на руската авијација се приближил на британскиот воздушен простор.

Во денешното соопштение на министерството за одбрана на Велика Британија се вели дека ова е веќе втор случај оваа недела и дека и вчера над Шкотска бил пресретнат авион, но од книстерството одбиле да потврдат колку авиони биле вмешани во инцидентот.

Тензиите меѓу Русија и Западот се зголемија пролетва, после руската анексија на Крим кој и припаѓаше на Украина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top