| четврток, 6 декември 2018 |

Патнички авион исчезна од радарот

Авионот на компанијата „Ер Алжери“ прво објави тревога, а потоа исчезна од радарот над Средоземното море, јавуваат светски медиуми.

Авионот тип Боинг 737-600 патувал од Алжир за Марсеј, а набрзо по полетувањето е објавена тревога, а потоа авинот исчезна од радарот.

Во еден момент авионот се свртел и тргнал кон местото на полетување, но потоа му се губи секоја трага.

За сега не се знае од кој тип е тревогата, ниту дали слетал некаде авионот.

Не е познат ниту бројот на патниците, а авионот можел да прими до 123 патници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top