| четврток, 6 декември 2018 |

Рома поразена на гостувањето кај Наполи (видео)

SSC Napoli vs AS Roma

Во дерби дуелот од италијанската Серија А лига во рамките од десеттото коло се сретнаа екипите на Наполи и Рома. Победата остана во Неапол благодарејќи на стрелците Игуаин и Калјехон во третата и 85 минута од натпреварот.
Во текот на сите 90 минути Рома го имаше поседот на топката, но никако да дојде до голот на Наполи и посеризно да го загрози голманот Кабрал. Наполи освен шансите за гол, создаде уште неколку прилики, но не ги реализира. Рома со овој пораз остана на 22 бода на второто место на табелата, колку што има и Јувентус, но „старата дама“ допрва треба да одигра својот натпревар од десеттото коло против Емполи.
Наполи се искачи на третото место со 18 бодови, и до крајот на сезоната ќе се обиде да ги реализира шампионските амбиции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top