На аеродромот северно од Донецк, рано утринава избија судири, ден пред изборите во Донецк и Луганск на истокот на Украина, јавуваат руските медиуми.
Украинскиот национален совет за безбедност и одбрана соопшти дека шест војници загинале, а 10 биле повредени во вчерашните борби. Портпаролот на советот, Володимир Полиови не прецизираше каде точно биле убиени и повредени војниците. Борбите во иточна Украина продолжуваат и покрај примирјето меѓу властите и проруските сепаратисти кое беше постигнато на почетокот на септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


