| четврток, 6 декември 2018 |

На полноќ завршува дополнителниот рок за поднесување кандидатури

izbori peiВечер на полноќ завршува дополнителниот рок за поднесување кандидатури за советници и градоначалници, што во саботата го изгласа Собранието на Република Македонија откако власта и опозицијата постигнаа договор за надминување на политичките несогласувања.

Од опозициската партија СДСМ најавија дека до завршување на рокот ќе поднесат кандидатури за локалните избори до ОИК. Либералната партија ќе поднесе свои листи за советници и за неколку градоначалници. Либаралите ќе поддржат и неколку градоначалници кои не се од нивните редови. Промоција на кандидатите најавуваат за сабота.

Државната изборна комисија (ДИК) го адаптираше роковникот за работа во согласност со продолжувањето на роковите за доставување кандидатури. Се очекува в недела да се изврши дополнителното жребување, по што дефинитивно ќе се знаат редните броеви на листите за гласање. Како што претходно појаснија од ДИК, нема да се врши повторно жребување за редоследот на кандидатите за кои веќе е извршено по првичниот рок 16 февруари, туку тоа ќе се направи само за кандидираните до 8 март на полноќ. Во меѓувреме, се одржуваат обуките на избирачките органи.

За да се испочитуваат законските процедури, Комисијата за верификација на факти в сабота ќе работи во текот на целиот ден за да ги провери новите кандидатури и да се утврди дали некои од кандидатите за советници и за градоначалници биле соработници со трајните служби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top