| четврток, 6 декември 2018 |

Мерки за еколошки ред – Макстил затворена, Југохром со преполовено производство

Со мерките што ги превзеде Владата за заштита на животната средина е направен првиот чекор за воведување на еколошки ред. По истекувањето на  рокот од страна на Владата за исполнување на еколошките стандарди што им беа дадени на компаниите Макстил и Југохром, челичарницата на Макстил e затворена, а производството на Југохром преполовено.

Ова е стратешка одлука на македонската Влада, базирана на еколошки, социјални и економски аргументи, но пред се базирано на еколошките стандарди. Владата не покажа колебливост и стана првата Влада која ревносно се бори и успева да овозможи исполнување на еко стандардите.

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски денеска истакна дека досега 100 компании ги исполниле условите за обезбедување на интегрирана дозвола и исполнување на еколошките стандарди .

Според договорот со Владата челичaрницата на Макстил е затворена, а во наредните 4 месеци се очекува Макстил да продолжи со исполнување на еколошките стандарди и повторно да започне со работа. Со новите мерки Југохром ќе го намали производствот за 50 % со што емисиите на штетнии гасови во Тетово ќе бидат намалени од 60 до 70%.

Пешевски истакна дека со намалувањето на производството во Југохром од Јагуновце Владата водела сметка и за социјалниот момент за работниците и нагласи дека иако ќе биде намалено производтсвото Југохром нема да има право да го намали бројот на работници под 1100 од моменталниот  1250 работници. Југохром 150 работници ќе може да ги прераспредели на други работни позиции, а доколку бидат отпуштени на привремен одмор тоа ќе може да биде најмногу 6 месеци и потоа ќе има обврска да ги врати на работа.

Пешевски образложи дека на овој чекор со преполовување на производството на Југохром се одлучиле бидејќи  ако Југохром  бил затворен никогаш немало да бидат исполнети еколошките стандарди, работниците ќе останат на улица, а регионот мртов. Тој потенцираше дека 1250 семејства живеат директно од Југохром и уште 4000 семејства како кооперанти. Со ваквата мерка ќе се намали загадувањето, а работнците ќе ги зачуваат своите работни места.

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири истакна дека со овие мерки нема целосно да бидат исполнети еколошките стандарди во Тетови, но одлуката е условна и предвидува исполнување на конкретни чекори, а ќе има и силни контроли. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top