| четврток, 6 декември 2018 |

Минимални победи на Работнички и Ренова

Во првите два натпревари од 14 коло од Првата Македонска фудбалска лига индентичен резултат.
Работнички на арената „Филип Втори“ во Скопје минимално го совлада Пелистер со 1-0. Едниствениот гол беше дело на Чума Анене во 12 минута. Ова беше шеста победа по ред за „Роматничарите“ од градскиот парк. Пелистер и по седум кола неможе да го најде патот до мрежата. Уште еден натпревар без постигнат гол. Работнички денеска беше по расположен за игра и создаде неколку сериозни шанси за гол, но искористи само една. Пелистер не беше без шанси, но среќата не беше нивен сојузник денеска.
Со оваа победа Работнички се искачи на второто место на таблета со 28 бода, пет помалку од лидерот Вардар кој има и натпревар помалку.
Ренова во градското дерби во Тетово успеа да слави над Шкендија и тоа во судиското продолжение од натпреварот со удар од пенал. Откако Имери играше со рака во казнетиот простор на Шкендија, судијата досуди оправдано удар од белата точка. Сигурен реализатор беше Мемеди кој им донесе значајни три бода на Ренова. Со овој пораз Шкендија ги намали шансите за врвот на табелата и остана на 24 бода.

Утре се играат останатите три натпревари од ПМФЛ, а се среќаваат:

Металург – Брегалница, Турново – Вардар, Тетекс – Силекс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top