
Република Македонија доби потврда за стабилниот рејтинг од најреномираната кредитна агенција Стандард и Пурс.
Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, ова е одлична вест бидејќи во услови кога во многу земји рејтинзите од страна на Стандард и Пурс се намалуваат, Република Македонија добива повеќе години по ред потврда за стабилниот рејтинг со позитивни изгледи за во иднина.
– Ова е индикатор и доказ за инвеститорите бидејќи инвестициските банки и инвеститорите во реалниот сектор ги следат сите овие рејтинзи и овие движења и за нив ова е потврда дека земјата се движи во вистинска насока – истакна Ставрески одговарајќи на новинарско прашање по врачувањето на првите решенија за отпис на долговите на граѓани од најранливи категории од Велес.
Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на Македонија врз основа на високиот економски раст којшто го забележа и е проектирано да го забележи земјава. Годинава кредитната агенција го намали кредитниот рејтинг на Словенија, Хрватска, Турција, Русија и Србија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Потврден кредитниот рејтинг на Македонија
-
По 100 дена власт Шилегов за 14.000 евра ќе си го мери рејтингот
-
Медиумите пишуваат за рејтингот на Алиоски на ФИФА 18, Македонецот има рапиден развој во споредба со претходното издание!
-
Аболицијата не го поколеба народот: Рејтингот на претседателот стабилен


