| четврток, 6 декември 2018 |

Леброн Џејмс го одведе својот тим до победа против Чикаго во дербито на истокот

Во вториот натпревар на Кливленд оваа сезона на гостувањето во Чикаго Леброн Џејмс пистигна 36 поени за победа над домаќинот 114-108 по едно продолжение. Џејмс ги задоволи вкусовите на најпребирливите навивачи на Кливленд чии желби годинава пораснаа и за шампионскиот прстен на крајот од сезоната по доаѓањето на Џејмс, Кевин Лав и тренерот Дејвид Блат.
Дерик Роуз се врати во Чикаго по скоро двегодишна пауза поради повредите на двете колена. Тој вечерта ја заврши со 20 поени, но мораше предвреме да го напушти паркетот поради истегнување на скочниот зглоб.
За Кливленд Кајри Ирвинг додаде 23 поени, а Кевин Лав мечот го заврши со 16 поени и 16 скока.

Во дербито на западот Клиперс продолжи во градската доминација против Лејкерс. Блејк Грифин беше фантастичен со 36 поени за победа од 118-111. Коби Брајант мечот го заврши со 21 кош, но беше главниот виновник за поразот бидејќи имаше очаен шут од поле и потроши многу топки.

Синоќешни резултати:

Индијана – Мемфис 89-97, Чикаго – Кливленд 108-114 ОТ, Милвоки – Филаделфија 93-81, Феникс – Сан Антонио 94-89, Сакраменто – Портланд 103-94, ЛА Лакерс – ЛА Клиперс 111-118.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top