| четврток, 6 декември 2018 |

Светска банка укинува 500 работни места

сб

Претседателот на Светска банка Џим Јонг Ким најави укинување на 500 работни места во оваа институција и 250 откази за вработените. Ова е прво големо отпуштање во рамките на плановите за реорганизација на оваа институција.

Во првата голема реорганизација на Светска банка во 1996-та, која требаше да вроди со намалување на нејзиниот буџет за 400 милиони долари, зголемување на конкурентноста и зајакнување на кредитирањето на земјите во развој, беа укинати близу 11 проценти од вкупно 4.500 работни места во финансискиот, истражувачкиот, безбедносниот и во секторот за човечки ресурси, кои сочинуваат скоро четвртина од вработените во Банката.

Некои од тие 500 вработени кои ќе добијат отказ ќе можат да се пријават за работа во други одделенија, во кои во идниот период ќе бидат вработени меѓу 230 и 250 лица, порачаа од Светска Банка, која нуди финансиска и техничка помош на земјите во развој.

На крајот без работа ќе останат близу 250 работници, вели претседателот на Банката, Џим Јонг Ким.

Отпуштањата за кои веќе долго време се шпекулираше, заедно со намалувањето на буџетот и внтатрешната реорганизација, предизвика протест кај вработените, но и стравување кај работодавците од ширење на револтот во време кога оваа финансиска институција се бори со глобалните предизвици и кога се обидуваат да го зајакнат своето значење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top