| четврток, 6 декември 2018 |

Миноски на средби со СБ и ММФ:Размислуваме за проекти во чиј фокус ќе биде развојот на приватниот сектор

%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%be%d1%81%d0%ba%d0%b8

Министерот за финансии Кирил Миноски престојуваше во Вашингтон каде учествуваше на Годишните средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд.

%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%be%d1%81%d0%ba%d0%b83

Миноски оствари повеќе средби со инвеститори кои се постоечки купувачи на евроообврзницата што ги издава Република Македонија, како и со претставници на ММФ и Светската банка со кои разговарал за економските политики што ги спроведува македонската Влада, како и за идните проекти коишто ќе бидат усогласени со целите што ги поставуваат овие две меѓународни институции.

%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%be%d1%81%d0%ba%d0%b82

-Најголем дел од приоритетите што ги има Владата на Република Македонија во економијата се целосно усогласени со приоритетите на Светската банка. Размислуваме за проекти во кои главниот фокус ќе биде развојот на приватниот сектор, поврзувањето на домашните компании со компаниите во слободните економски зони, проекти во областа на изградба на патишта, јакнењето на енергетската ефикасност, како и за проекти со кои ќе се придонесе на дигитализацијата на проектите што го нуди Владата на Република Македонија- изјави Миноски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top