| четврток, 6 декември 2018 |

Сведоштво: 270 000 евра поткуп за судија од ЕУЛЕКС

francesko floriКосовскиот државјанин Флорим Хасани, чиј брат Бесник Хасани е осуден на 33 години затвор за тројно убиство, јавно изјави дека преку еден посредник на поранешниот судија од Мисијата на ЕУ – ЕУЛЕКС, Франческо Флори му дал 270.000 евра за да го ослободи брат му.

Хасани за Радио-телевизија Косово (РТК) изјави дека и покрај дадените пари, брат му не бил ослободен, бидејќи биле измамени од Нусрет Цена, кој исто така бил обвинет за тој случај.

– Брат ми беше осуден само затоа што не предаде Нусрет Цена, на кого многу му верував. Тој беше посредникот и на него му ги дадов парите за да му ги предаде на судијата Флори за ослободување на брат ми, изјави Хасани за РТК, додавајќи дека судијата ги земал парите, но дека сепак не го ослободил брат му, туку го осудил на 33 години затвор.

Хасани тврди дека бил во Албанија заедно со адвокатот на неговиот брат, каде се стретнал со Флори во Драч. Средбата траела четири часа, по што Хасани и адвокатот се вратиле на Косово.

Франческо Флори од своја страна изјави дека тврдењата на Хасани се измислици.

– Оној кој тврди дека ме видел во Албанија е будала и голем лажго, изјави Флори за приштинските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top