| четврток, 6 декември 2018 |

Сомалиските пирати по 4 години ги ослободија индиските морнари

somaliski piratСомалиските пирати за засега непозната сума, вчера ослободија седуммина индиски морнари, кои околу четири години беа држени како заложници, соопштија денеска сомалиските власти.

Морнарите беа заробени, откако пиратите го киднапираа бородот „Асфалт венчр“, кој пловеше под панамско знаме во септември 2010 година.

Пиратите во април 2011 година ослободија осуммина нивни колеги, како и бродот, откако им беше исплатен откуп. Тие тогаш најавија дека седуммината морнари ќе ги ослободат, кога индиските власти ќе ослободат уапсени сомалиски пирати.

Засега не е познати дали ова нивно барање било исполнето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top