| четврток, 6 декември 2018 |

Делото на Елпида Хаџи-Николова ќе не претставува на Венециското биенале

Венециско биенале

Елпида Хаџи-Василева со своето дело „Silentio pathologia“ ќе ја претставува  Македонија на 55. Биенале на ликовната уметност во Венеција. Делото, кое се состои од метал, свила, кожурци и свилени буби, живи стаорци и плохи оф пресувани кожи од бели стаорци, ќе биде поставено во објектот Скуола деи Ланери, кој се наоѓа меѓу Пјацале Рома (од каде што тргнуваат сите траси на посетителите на Венеција и на Биеналето) и Kампо Санта Маргерита.
Организатор на нашето претставување е Националната галерија. Kомесар на изложбата е Халиде Палоши, директорка на галеријата, а куратор е Ана Франговска.
Венециското биенале ќе се одржува од 1 јуни до 24 ноември. Според комесарот Палоши, местоположбата на нашиот павилјон е стратегиска. Таа очекува голем успех на изложбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top