| четврток, 6 декември 2018 |

Руска работа, навивачи се здробија од ќотек, па се гушкаа (видео)

Договорените тепачки меѓу навивачите на фудбалските ривали ширум Европа постојат веќе подолго време, но оваа меѓу руските клубови Динамо и Спартак стана апсолутен хит. Снимката од Ју Тјуб брзо се прошири и има неверојатна популарност.

Двете навивачки групи на тимовите од Москва имаа договорена тепачка во зимски услови на снег, а подебелиот крај го извлекоа „белите“ односно навивачите на Спартак.

Погледнете како навивачи се тепаат крвнички, со удари што можат да бидат смртоносни, а потоа се гушкаат меѓусебе. Таман за рубриката „верувале или не“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top