Актерката Деми Мур одлучи конечно одлучи да побара развод од поранешниот сопруг Ештон Качер и да извлече што е можно повеќе пари во нивната бракоразводна парница.
Оваа холивудска двојка не е заедно една година. Мур конечно побара барање за развод во судот во Лос Анџелес поради непомирливи разлики. Иако немаат деца, отштетата која актерката ја бара е многу висока.
Се проценува дека нивниот заеднички имот вреди 285 милиони долари, а само во минатата година Качер заработил 24 милиони долари снимајќи ја серијата „Два и пол мажи“, пишува весникот „Дејли Меил“.
Бидејќи повеќе од една година не можеа да се договорат колу поделба на имотот, Деми Мур одлучи да го даде на суд Качер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.