| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатно кафе и скапо време нуди кафуле отворено во Љубљана

d76ed93efc6dc7f19262fe9c40d2a313

Ако ја користите изреката времето е пари, тогаш сте соодветен клиент за новото кафуле во Љубљана. Таму кафето се плаќа на минута, а не на чаша.

Кафулето е дел од рускиот ланец, првиот ваков локал отворен на Балканот. Тука клиентите добиваат бесплатно неограничени количини кафе, чај, колачи и интернет. Она за што плаќаат е поминатото време во локалот  – 5 евроценти на минута.

На влегување посетителите добиваат стар будилник, кој на заминување го враќаат на каса. Тој, сепак, не работи – идеjата е луѓето да се оддадат на активностите, без да мислат на времето.

Во локалот има часовник кој го смета времето на секој посетител. Многумина го претпочитаат кафулето бидејќи создава пријатна атмосфера за работа.

– Фасцинирана сум од идејата за ова кафуле бидејќи нуди комбинација од пријатен амбиент и истовремено ги има сите погодности за работа – вели Симона Муршеч која е професор, често патува и ги користи локалите како канцеларија.

Дизајнот на кафулето наликува на пријатна дневна соба, а старите објекти создаваат неповторлива ретро атмосфера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top