Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека нема ништо против Љубљана да биде можно место за состанок со неговиот американски колега Доналд Трамп, но истакна дека за тоа не одлучува само Москва.
– Што се однесува на Љубљана и Словенија воопшто, тоа е прекрасно место за таков дијалог, но тоа не зависи само од нас, зависи од повеќе фактори, нагласи Путин по разговорот со претседателот на Словенија Борут Пахар, јави ТАСС.
Путин потенцира дека доколку таков состанок биде закажан, нема ништо против Љубљана.
– Веќе имавме такви состаноци во Љубљана, наведе Путин, очигледно мислејќи на неговиот состанок со претходникот на Трамп, Барак Обама.
Путин посочи дека „однапред сака да и се заблагодари“ на Словенија за подготвеноста да организира таков состанок. Москва чека администрацијата на Трамп да се подготви за дијалог, наведе Путин, додавајќи дека Москва и Вашингтон можат заедно да се борат против заканите од тероризмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.