| четврток, 6 декември 2018 |

Јахјага: Изборите се единствено можно решение

јахјага

– Косово нема да остане заробеник на политичка криза, а доколку лидерите на политичките партии не постигнат конечен договор за формирање на косовските институции, ќе разгледаме можност за одржување вонредни избори – истакна косовската претседателка Атифете Јахјага во интервју за весникот „Трибуна“.

– Изборите се последна опција, но Косово не може да остане заробено во несогласувања и интереси на лидерите на политичките субјекти – истакна Јахјага додавајќи дека нема да одредува никакви рокови.

Сите рокови, според Јахјага, се веќе одредени врз основа на буџетски потреби и законски одредени временски рокови потребни за организирање на избори.

Јахјага за односите со Србија смета дека дијалогот е единствена можност за решавање на сите отворени прашања и нормализирање на односите.

На прашањето дали е задоволна од ангажирањето во борбата против тероризмот, Јахјага изјави дека и Косово е загрозено од идеолошки радикализам, како и дека претставува опасност за националната безбедност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top