Пргавиот Ирец Рој Кин во автобиографијата наведе сочни детали од фудбалската кариера, односот со сер Алекс Фергусон, рецептот за успеси на Манчестер јунајтед и призна дека не играл добро без чашка алкохол.
„Ферги се обидуваше да ме натера да се откажам од алкохолот, но јас не играв добро без да пивнам. Се каравме, но јас си продолжував по мое. Само ќе му кажев тој да си зборува, а јас ќе си пијам“, пишува во автобиоографијата на Кин.
Тој беше еден од најдобрите играчи за врска во славната ера на Манчестер јунајтед под команда на сер Алекс Фергусон. Дефанзивецот во средниот ред на „црвените ѓаволи“ беше капитен цели 8 години од 1997 до 2005, кога замина во Селтик по 12 сезони настапи за Јунајтед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.