Ренато Вугринец ќе си замине од Металург, а можно е веќе идната недела да потпише за Вецлар, објавија германските медиуми. Натурализираниот македонски репрезентативец веќе подолго време е цел на неколку клубови, се споменуваа трансфери во Данкерк и вво Вардар, а Вецлар е најновиот клуб заинтересиран за услугите на 39-годишниот бомбардер од Целје.
Вугринец одигра еден меч за Металург сезонава во Лигата на шампионите и нема право да игра за друг клуб учесник во елитното натпреварување, па се чини дека Вецлар за него е вистинската комбинација.
Металург извесно време се бори со финансиската криза, платите доцнат, па од таа причина си замина голманот Дарко Станиќ, а сега се најавува и заминување на Вугринец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.