| четврток, 6 декември 2018 |

Mисијата на ЕУЛЕКС во Косово негира дека нејзини службеници земале мито

Мисијата на ЕУ во Косово – ЕУЛЕКС денеска ги отфрли тврдењата дека нејзини службеници биле вмешани во корупција.

Како што пренесува МИА, шефот на мисијата на ЕУЛЕКС Габриелр Меучи изјавил дека ЕУЛЕКС работи во Косово врз основа на законите.

Тврдењата за корупција во ЕУЛЕКС се појавувија во понеделникот во весникот „Коха диторе“, кој повикувајќи се на официјални документи, тврдеше дека службеници на Мисијата земале поткуп за да стопираат постапки во кои биле вмешани високи косовски функционери. Едната постапка се однесувала на убиство, а други две за корупција.

Весникот, исто така, обвини дека службеници на ЕУЛЕКС се обидувале да ја прикриваат виситната, што Меучи го отфрли како неточно. – Децидно тврдсм дека тоа не е точно – рече тој.

ЕУ вчера соопшти дека почнала истрага во врска со обвинувањата за корупција во ЕУЛЕКС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top