Германскиот суд на возач на камион му досуди 10 и пол години затвор поради неговата навика да стрела во други автомобили на патот.
Педесет и осумгодишниот Германец, познат како „магистралниот стрелец“, извршил 700 напади во периодот од 2008 до 2013 година. Тој стрелал по возачи на други возила, при што повредил неколку лица и оштетил стотици автомобили.
Кога бил уапсен, тој во полиција изјавил дека стрелал во знак на протест поради зголемената агресија на патиштата и лошото возење.
Шоферот, чиешто име не се објавува, е прогласен за виновен за неколку обвиненија, меѓу кои нанесување тешки телесни повреди и обид за убиство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.