Издавачката куќа „Култура“ сака да соработува со млади луѓе кои имаат потенцијали на повеќе полиња како графички дизајнери, поети, писатели…За таа цел „Култура“ објави конкурс за дизајн на корица на книгата „Љубов на улица“ од Ана Голејшка на кој може да се пријават сите заинтересирани автори.
– „Култура“ распиша конкурс за дизајн на корица за да отстапи простор за младите што немаат каде да ги истакнат своите потенцијали, можности и знаења, со цел да се претстават пред јавноста со своите дела. Конкурсите се замислени да бидат еден цел годишен циклус и, покрај веќе објавениот за дизајн, да продолжат со конкурси за најдобра збирка раскази, поезија и роман, кои ќе се повторуваат секоја година – се вели во соопштението на оваа изадавачка куќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.