Синоќа во спорстките арени во Европа се одиграа првите натпревари од третото коло од кошаркарската Евролига.
Црвена звезда во рамките од групата Д ја победи екипата на Валенсија со 76-63. Победникот не дојде во прашање во ниту еден момент од натпреварот бидејќи „црвено-белите“ наметнаа силно темпо уште од првата минута на натпреварот во преполната белградска „Комбанк арена“. Во еден момент односно на крајот од третиот период, домаќините водеа и со високи 25 поени разлика. Ова беше втора победа на Звезда и си ги зголеми шансите за едно од првите четири места во групата, кое води во натамошната фаза. Избраниците на Велимир Перасовиќ, тренерот на Валенсија го доживеаја и третиот пораз и ќе водат грчевита борба во другите седум кола.
Во дербито на денот, Панатенаикос беше убедлив на домашен паркет против Фенребахче. „Детелинките“, буквално, го демолираа тимот на нивниот поранешен тренер Жељко Обрадовиќ со 91-73. Сите играчи во таборот на Панатенаикос беа расположени за игра. Дури девет играчи се запишаа во листата на стрелците. По ова коло двете екипи имаат по две победи и еден пораз. Лидерот во групата Ц е Барселона, која има натпревар помалку и лесен противник на домашен терен екипата на Туров Згорзелец.
Екипата на Војдан Стојановски доживеа нов пораз и тоа на домашен терен од европскиот шампион Макаби со 69-84. Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација го одигра првиот натпревар во Евролигата и постигна четири поени и додаде четири асистенции за нешто помалку од 12 минути игра. Првите два натпревари не ги играше поради повреда. Ова беше трет пораз на Алба, која ќе ѝ треба повеќе време да се врати во евролигашки ритам по пауза од неколку години.
Во останатите натпревар беа постигнати следниве резултати:
Реал Мадрид – Нижни Новгород 112-83, Анадолу Ефес – Жалгирис 62-65, Уникс Казан – Сасари 85-62.
Вечерва се играат останатите шест натпревар, а силите ќе ги одмерат:
Нептунас – Олимпијакос, Цедевита – ЦСКА Москва, Баерн Минхен – Армани Милано, Лаборал Куча – Галатасарај, Барселона – Туров Згорзелец, Уникаха – Лимож.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.