| четврток, 6 декември 2018 |

Чесите по ракометниот дебакл: Французите се од друга планета

Чесите доживеаја вистински бродолом во Шамбери во првото квалификациско коло за палсман на ЕП во Полска, а актуелниот светски и олимписки шампион Франција ги декласира со 41-25.

Чесите се следниот противник на Македонија, а ќе гостуваме во Злин на меч што ќе се игра в недела од 18 часот. Македонија победи рутински против Швајцарија со 27-20, Чешка претрпе катастрофа, што ни дава надеж дека можеме да изненадиме во Злин. Чесите имаат само еден пораз во квалификациски мечеви на домашен терен во последните 14 години.

– Французите играат ракомет од некоја друга планета. Игравме против најтешкиот можен противник и не сме разочарани, иако загубивме убедливо. Имавме и добри и лошо страни, а противникот ни покажа што треба да коригираме пред дуелот со Македонија – изјави Даниел Кубеш, кој му е помошник на селекторото Филип. Тоа дуо е ново на клупата на Чешка, а проблем за нив во Франција беше што отпатуваа со многу проблеми поради повреди на дел од стандардните репрезентативци.

cesi

Филип Јиха, кој е најголемата ракометна ѕвезда на Чешка во последните неколку години, поради повреда не игра, ќе го нема и против Македонија, а уште осуммина репрезентативци не беа во строј против моќната Франција.

Најдобар кај гостите во Шамбери беше Линхарт со 8 погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top