Владимир Ѓорчев, пратеник и претседател на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, учествува на Парламентарен семинар на тема „Улогата на националните парламенти во имплементацијата на пресудите на Европскиот суд за човекови права“, што денеска во организација на Парламентарното собрание на Советот на Европа се одржува во Мадрид, Кралството Шпанија.
Главната цел на овој семинар, како што соопшти собраниската прес-служба, е да се поддржат членовите на националните парламенти во подобрување на нивното знаење на Европската конвенција за човекови права и да се спроведе ефикасно имплементирање на пресудите на Европскиот суд за човекови права, како и да се разгледа ефикасноста на постојните парламентарни структури и механизми за проверка на стандардите на Конвенцијата.
ПС на СЕ во 2011 година донесе Резолуција за „Националните парламенти: гаранти на човековите права во Европа“ во која е укажано дека во однос на спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права, Парламентарното собрание на Советот на Европа посочува на позитивните примери во неколку земји-членки, особено во Обединетото Кралство, Холандија, Германија, Финска и Романија, кои имаат поставено парламентарни структури за следење на спроведувањето на пресудите на Судот.
На овој семинар, покрај членови на ПС на Советот на Европа, поканети да учествуваат се и парламентарци од: Албанија, Ерменија, Азербејџан, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Франција, Грузија, Унгарија, Латвија, Литванија, Молдавија, Србија, Словачка и Турција
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Одреден притвор за уште еден опозициски пратеник во Црна Гора
-
Ѓорчев до СДСМ: Кои се тие „европски вредности“ со 50.000 наполнети ливчиња?(видео)
-
Како ве лажат: За комуњарските медиуми, бугарските зборови со кои ни се обраќа грчкиот пратеник, станаа македонски јазик (видео)
-
Ѓорчев: Владата покажува дека сака решение за името по секоја цена!