Секој ден во Европа се убиваат по 18 жени, покажува статистиката на Одделот за борба против наркотици и криминал на ОН. Според нивните бројки, во 12 од тие случаи убиецот е партнерот или друг член на семејството. Вкупно, во 2010 година биле убиени 84.000 жени и девојки во целиот свет, а шест од десет жени биле изложени на физичко или на сексуално насилство.
Генералниот директор на Одделот, Јури Федотов, истакна дека меѓународната заедница мора да развие напредна мерка за превенција на криминалот против домашно и семејно насилство.
– Во исто време, во сите земји во светот мора да се работи на промена на свеста и половата рамноправност пред законите. Жените и девојките мора да бидат почитувани во секој дел од општеството – рече Федотов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка