| четврток, 6 декември 2018 |

Дилан Пен: Шарлиз е единствената жена што може да го натера мојот татко да молчи

sharliz i son pen

Кога се дознало за врската меѓу Шон Пен и Шарлиз Терон се шушкало дека неговите деца не ја сакаат, но тоа е далеку од вистината. Инаку Дилан, ќерката на Шон од бракот со Робин Рајт, се воодушевува на тоа што нејзиниот татко е во врска со познатата глумица.

Дваесет и тригодишната Дилан Пен открила дека ја обожава Шарлиз Терон.

– Таа е одлична. Не сум ги видела долго затоа што моментално се зафатени во Јужна Африка. Таа е фантастичка и изгледаат супер заедно. Сѐ додека е мојот татко среќен и јас сум среќна – изјавила Дилан.

Таа, исто така, изјавила дека Шарлиз е единствената жена, по нејзината мајка, што може да го натера татко ѝ да замолчи.

Инаку, Шон Пен и Шарлиз Терон моментално се наоѓаат во Јужна Африка каде што сминаат филм кој е во режија на Шон, а Шарлиз ја игра главната улога.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top