| четврток, 6 декември 2018 |

Од 1 ноември објавување загубени документи само на шалтер на „Службен весник“ во МКЦ

sluzben-vesnik

Од 1 ноември годинава доставувањето барање за огласување загубени лични документи ќе може да се направи само на шалтерот за објавување во „Службен весник на РМ“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) на кеј „Димитар Влахов“ бб, веднаш до зградата на МРТВ.

– Шалтерот на ЈП „Службен весник“ на Република Македонија, кој досега беше лоциран во рамките на просториите на дирекцијата, во деловниот објект „Буњаковец“,  од 1 ноември 2014 година  нема повеќе да биде во функција  за потребите на граѓаните и правните лица – соопштија денеска од „Службен весник на РМ“.

Ова решение, се појаснува во соопштението, е резултат на континуираното спроведување и примена на последните технолошки капацитети во своето работење, при што ЈП „Службен весник на РМ“ беше иницијатор на повеќе проекти за електронско поврзување со надворешните системи, како и за едношалтерскиот систем за објавување на личните документи на МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top