Австралиската јавност била шокирана од снимките од момчиња кои веејќи исламистички знамиња ја извикуваат реториката насочена против Западот. Едно од момчињата има само шест години. По појавувањето на снимката минатата година групата млади муслимани од Сиднеј била обвинета за индоктринација на малолетни деца.
Снимката ја објавила телевизијата Seven Network, а во неа четири деца на возраст од 6 до 13 години веат исламистички знамиња, меѓу кои è и знамето на Исламската држава. Тие велат дека “никој не е премлад да стане војник на калифатот”.
Децата му порачуваат на американскиот претседател Барак Обама “да оди по ѓаволите” и велат дека ја сакаат главата на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Австралиската министерка за надворешни работи, Џули Бишоп, ја коментирала снимката и рекла дека тие деца треба да си играат со пријателите на игралиштата, а не да бидат вработени од страна на неодговорните возрасни лица според идеологијата и проповедувањето на омраза кон земјата во која живеат, пренесува News.com.au.
Групата муслимани ја води здружението “Muslim Youth Project” и наводно е поврзана со групата радикали “Hizb ut-Tahrir”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


