| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешна српска министерка ќе биде исфрлена од дома

Поранешната министерка за правда на Србија, Снежана Маловиќ, наскоро ќе биде иселена од воената резиденција на Сењак, во која живее од 2010 година бидејќи државната вила ја користела без никаква основа.

Како што пренесува српски „Курир“, Маловиќ веќе со години живее со семејството во резиденцијалниот објект, иако на тоа нема право.

– Маловиќ наскоро ќе биде иселена од воената вила, станува збор за резиденцијален објект, куќа од околу 200 квадратни метрисо двор – вели извор за српски „Курир“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top