| четврток, 6 декември 2018 |

Мира Марковиќ се жели дека во Москва живее со пензија од 58 илјади динари

markovic

Мира Марковиќ, сопругата на Слободан Милошевиќ, изјавила дека во вилата во преградието во Москва живее со пензија од 58.000 динари.

– Слободан е единствениот претседател на Србија кој немал право на своја пензија. Приказните дека сѐ сме изнеле од Србија, на сметките на разни банки, се најобични проекции на оние кои да се на наше место би живееле во изобилство – изјавила таа за „Вечерње новости“.

Мира изјавила дека во Москва дошла со багаж во која имала три пара очила, две здолништа, два џемпери и едно пакување аспирин. 

– Ја кажувам вистината. Кој сака да верува, нека верува – додала таа. 

Мира Марковиќ коментирајќи ја одлуката на ЕУ да ги одмрзне сметките и имотот на Слободан Милошевиќ во европските земји, само изјавила дека сѐ што имаат се наоѓа во Србија. Таа објаснила дека едно време живееле од киријата за куќата во Белград, но и тоа веќе не го можат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top