| четврток, 6 декември 2018 |

Како Црвенковски ја правел програмата

nikola-gruevski-foto-645x360

Премиерот Никола Груевски покажа дека знае да се шегува, па објасни како неговиот опонент Бранко Црвенковски и партијата СДСМ ја направиле програмата за претстојните локални избори.

– Дајте нешто за два-три дена прикрпете за да покажeме дека имаме некоја програма. И оној Минчев му рекол, а бе шефе, јас не за два-три дена, јас за еден ден можам да ја направам, ама што да напишеме во неа. А, Бранко на тоа одговорил во стилот на еден од скечовите на „К-15“: Пиши таму нешто улици, патчиња, водовод, канализација… Јас ли да ви кажувам. Еден од нив му рекол на Бранко, па претседателе ние имаме кандидати во 70 општини, треба 70 програми, а на тоа Бранко одговорил: Абе направете една ќе ја покажуваме секаде и готово, ние една немаме сега 70 ќе правиме – се пошегува Груевски.

Груевски му порача на својот политички конкурент дека, за разлика од нив, тие ќе ги остварат проектите што ги имаат во своите програми и дека ќе се потрудат сите граѓани да имаат уште подобар и поубав живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top